Е.Пелистер 2 почна со подготовките за историската сезона во која ќе има шанса да го „вкуси“ европскиот предизвик. Александар Јовиќ зад себе има одлична година, со млад тим успеа да запише резултати за гордеење. За разлика од минатата сезона овој битолски клуб ќе биде составен од помлади играчи.
Алпла од Австрија ќе биде противник на Е.Пелистер 2 во првото квалификациско коло во ЕЛ. Првиот меч се игра на 27/28 август, додека реваншот е седум дена подоцна во Битола.
„Нов почеток дури и со подмладена екипа во споредба со претходната сезона. Имаме неколку заминувања, неколку нови ракометари, но ќе продолжиме со истиот дух. Секако дека Е. Пелистер 2 може да ја повтори претходната сезона во која бевме четвртопласирани. Остваривме голем резултат за битолската публика и за градот. Ќе ги повикам гледачите кога ќе ги играме европските натпревари да дојдат да нè поддржат, бидејќи ќе оставиме срце на терен. Првиот дел од подготовките ќе ги минеме во Битола, вториот од 13 август се селиме во Маврово, каде ќе играме контролни натпревари. Максимално ќе се подготвуваме за сезоната која ни претстои и за натпреварите во ЕХФ Лига Европа“, изјави Филип Арсеновски.