Македонскиот младински репрезентативец Иван Николов се враќа во својот роден Штип и ќе настапува за екипата на Брегалница. Досегашниот член на Вардар се враќа во својот матичен клуб, како дел од реновирањето на тимот кој за следната сезона ветува дека ќе игра далеку посериозна улога во ПМФЛ шампионатот.
Николов дел од својата досегашна кариера ја мина и во Академија Пандев од каде што премина во Вардар.