Во вторник на Арената во Скопје ќе “врие“. Доаѓа Динамо Загреб, против кого нашиот шампион Шкупи ќе го одигра реваншот од 2.квалификациско коло во ЛШ. Во Загреб беше 2:2, па може ли тимот на Гоце Седлоски да направи чудо и да го елиминира балканскиот гигант.
На ова свој коментар има Бразилецот Куевен, кој на првиот меч во Загреб го “смрзна“ Максимир и му донесе водство на својот тим од 0:1.
“По тие 2:2 ние имаме позитивен резултат. Сега имаме голема предност зошто играме дома, играме на, се надевам, полната Арена и заедно со нашите фанови се е можно, можеме до чудо, ние веруваме во чудо. Да, Динамо и натаму е фаворит, но ние покажавме дека сме квалитетен тим. Во вторник вечер ќе ја дадеме душата на теренот, вакви мечеви се играат еднаш во животот“ посочи Бразилецот.