“Лавовите“ со овие единаесетмина против Бугарите!

593

Познати се составите за првиот меч од 2.квалификациска рунда во Лигата на Конференции меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија. Инаку мечот се игра попладнево на стадионот на ФФМ со почеток во 17:30 часот.

Стратегот на нашиот тим, Муарем Бајрами, за дуелот со “црвените“ од Софија се реши за следниот стартен состав…

Стевковски, Илиевски, Личина, Мишевски, Зука, Алексовски, Емини, Адем, Лемос Матеус, Ѓурѓевиќ, Стојкоски.

Формација е 4-4-2.

Познато е дека ако Македонија ЃП успее да ја елиминира ЦСКА Софија, тогаш во следната фаза ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Сент Патрик (Ирска) и Мура (Словенија).

Да им посакаме среќа на “лавовите“ против Бугарите.

ПретходноЃорческа се пласираше во 1/4 финалето на фјучерсот во Чешка
СледноПромоција: И официјално Бугарија со Крстајиќ во Скопје!