Македонија ЃП на полувреме без голови против ЦСКА

188

Екипата на Македонија ЃП, која што во моментов го игра првиот од двата дуели од второто квалификациско коло од Конференциската лига против екипата на ЦСКА Софија, сеуште нема предност на полувреме и резултатот е 0:0. По реално топлото, и тешко за игра време во Скопје, двата тима играат претпазливо и некоја сериозна, и стопроцентна шанса немаше, а клучниот момент барем до овој дел од мечот, е црвениот картон за играчот на МЃП, Матеус, кој доби два жолти картони и автоматско исклучување.

 

ПретходноРенато и Роберт Димитриевски ја продолжија верноста со Гостивар!
СледноНова европска победа: Шкендија ја „освои“ Рига…