Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години по херојски кам-бек и негатива од 15 поени успеа да обезбеди место во четвртфиналето на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Тбилиси.
Избраниците на селекторот, Никола Василев во последниот меч од групната фаза го совлдаа домаќинот Гурзија со 76-73 и како второпласирани патуваат во четвртфиналето, а таму ги чека репрезентацијата на Естонија.
„Црвено-жолтите“ за противник имаат селекција која групната фаза ја мина без пораз. Победи оствари против Холандија, Луксембург, Романија и Исланд. Пресметката е закажан во петок, па Василев со својот стручен тим ќе има шанса добро да ги подготват кошаркарите за нов чекор кон полуфиналето.