Конечно една добра вест во „морето“ лоши вести поврзани со РК Вардар, нашиот шампион. Имено по силните занувања, па дури и на еден Тимур Дибиров, се очекуваше од клубот да си замине и Мартин Томовски, голманот и нашата репрезентација. Јасно е дека тој како еден од нашите најдобри голмани имаше повеќе понуди за менување на средината, сепак тој останува во Вардар и во наредната сезона.
Па така Томовски ќе биде еден од клучните играчи на Вардар во претстојната сезона, во која нема да игра на евро – сцената, ако СЕХА не се смета за Европско натпреварување.