Досегашниот играч на тимот на Удинезе, интернационалецот од Аргентина, Нахуел Молина, ќе биде следното засилување на тимот на Атлетико Мадрид.
Десниот бек, а и неговиот сегашен клуб, ги довогори сите детали околу трансферот и во следните неколку дена тој ќе се појави во Мадрид на промоција. Во договорот е вклучен и Нехуен Перез, кој останува дел од тимот на Удинезе откако одработи позајмица таму.
Молина е стандарден репрезентативец на Аргентина, има одиграно 16 мечеви досега за „Гаучосите“ и е перспектива на бековската позиција за следниот период.