Муарем Бајрами: Во првото полувреме бевме подобри, во Софија одиме да се бориме!

542

Македонија ЃП попладнево во Скопје на првиот меч од 2.квалификациско коло во ЛК одигра без голови против големиот фаворит, тимот на ЦСКА Софија. Иако останаа со десет играчи по исклучувањето на Матеус, сепак “лавовите“ издржаа.

По мечот стратегот на нашиот тим Муарем Бајрами покрај друото истакна…

Мислам дека во првото полувреме бевме подобри. Можеме да се носиме со големи екипи. Штета што дојде до исклучување на Матеус, па сега не ќе можеме да сметаме на реваншот во Софија, а таму одиме да се бориме. Имаме почетни 0:0, се надевам на уште една добра игра на нашиот тим“.

ПретходноШкендија си “ГАЗИ“ во Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАртим Шаќири: Убава победа, но уште ништо не е готово!