Ништо од НБА-лига, Мициќ останува во Анадолу Ефес!

208

Српскиот плејмејкер Василије Мициќ и следната сезона ќе остане во Анадолу Ефес, потврди неговиот агент Мишко Ражнатовиќ.

Иако се најавуваше дека бројни екипи од НБА лигата го следат, кој игра неверојатно добро во Европа во последните две сезони, и годинава нема ништо од неговото заминување во најсилното светско клупско првенство. Мициќ изрази желба да се приклучи на најсилната лига на светот, но под услов да има доволно минутажа.

Двократниот освојувач на МВП во Евролига е под договор со Ефес и за следната година, со опција според која летово би можел да замине во НБА, што нема да биде искористено, па Васа ќе брани трофеи со турскиот тим.

Оклахома Сити има право на Василиј Мициќ во НБА, но сигурно е дека ќе го префрлат во друга франшиза бидејќи не се вклопува во „обновата“ на нивниот тим.

ПретходноСтарт од соништата за Мане и Де Лихт во Баерн (ВИДЕО)
СледноШкендија знае како треба во Рига, Валмиера е ривал за респект!