Во првиот меч од 2.квалификациско коло во ЛК, Шкендија попладнево во Рига успеа со 1:2 да слави над тимот на Валмиера и со тоа да направи голем чекор кон пласманот во следната рунда.
Рутинирана, добра игра на момците на стратегот Артим Шаќири, кои сега треба во Скопје следниот четврток само да стават „печат“ на триумфот над солидниот состав на Валмиера.
Стрелци за Шкендија беа Дориев за 0:1 и Гури за 1:2, додека Гује стрелаше за домашниот состав.
Инаку мечот започна со супер шанса за домашниот состав и тоа во 6.минута, кога Валмиера за малку ќе дојдеше во водство. Имено Гуеје се најде сам пред голот на Захов, имаше идеална ситуација, но го префрли голот, за наша среќа.
Казната стигна во 9.минута кога Дориев од лево, од околу 20 метри шутираше, топката мина низ нозете на еколку играчи, тоа не можеше да го види домашниот голман Матревицс и заврши зад неговиот грб за радост на Шкендија.
По тој гол Валмеира како да беше шокирана, Шкендија ја имаше контролата на играта, настаните на теренот се одвиваа според желбите на тетовци, а во 18.минута Шаља имаше сушпер шанса за 0:2, но успеа од 3-4 метри нешто оддесно да не го погоди голот.
И кога се чинеше дека на пауза ќе се оди со водство на Шкендија, најопасниот во домашниот состав, Гуеје, се најде на втората статива по еден корнер и непречен од никого ја смести топката во празната мрежа на Захов. Голема грешка на потесната одбрана на тетовци.
ГУРИ И НОВО ВОДСТВО ЗА ШКЕНДИЈА…
Второто полувреме пак стартуваше со три замени кај домашните. Очигледно беше дека домашниот стратег не беше задоволен ниту од играта ниту пак од резултатот кој беше 1:1 во тие моменти.
Валмиера доби на агресивност, се обидуваше со пресинг да дојде до шанса за гол, но Шкендија со мирна игра успеваше да ги неутрализира сите опасности.
Се играше 63.минута кога Шкендија успеа одново да дојде во водство и тоа прекрасниот гол со глава на Синдрит Гури. Нафу прекрасно му нафрли, а Гури супер гол успеа да ја затресе мрежата на Валмиера за 1:2.
Прекрасен гол за водство кое и тоа како ги смени работите на теренот. Сега одново Шкендија се прашува, умешно игра и ја одржува предноста.
На Валмиера бадијала и беше таа агресивна игра.
Интересно судијата Оценас покажа дека треба да се одиграат уште девет минути судиско продолжение, но сепак на крајот Шкендија се радуваше на победата.
2.квалификациско коло во ЛК (прв меч)
ВАЛМИЕРА – ШКЕНДИЈА 1:2 (1:1)
Стадион “Даугава“ во Рига. Судија: Михаил Оценас (СВК). Стрелци: Гуеје 45. (ВАЛ). Дориев 9., Гури 63. (ШКЕ). Ж. Картони: Кролис (ВАЛ), Садриу (ШКЕ).
ВАЛМИЕРА: Матревицс, Јанземс, Балодис, Јакуба (46. Јокота), Бирка (46. Фали, 66. Тонишевс), Мурата, Желиско, Мена, Силагадзе (46. Ндоје), Гуеје (71. Вејпс), Кролис.
ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Цаке, Садриу (86. Незири), Дита (82. Стојановски), Ф. Рамадани (60. Р. Рамадани), Шаља, Хасани, Дориев (60. Нафиу), Гури (82. Елези).