Обвинителството поднесе обвинение до Кривичниот суд, по затворање на истражната постапка за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот. Анџело Ѓорѓиевски од Волково, второосомничената Клементина Лефковска од Драчево и третоосомничениот Андреј Костовски официјално кривично ќе се гонат за убиството на Тот.
„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, велат од Обвинителството.
Тот својот живот го загуби на 7 април пред скопска дискотека, гореспоменатите лица по кратка расправија му ненеле повеќе удари и тешки телесни повреди, по што ракометарот паднал и со главата удрил на асфалт и изгубил свест, а следниот ден починал.
Исто така, до Основниот кривичен суд Скопје бил доставен предлог за продолжување на мерката притвор.