Познати се составите: Шаќири ќе ја напаѓа Валмиера со Дориев, Гури, Хасани…

448

Познат е стартниот состав на Шкендија за мечот во Рига, и тоа против летонскиот тим на Валмиера. Меч кој започнува во 17 часот, ова е првиот од двата од меѓусебната пресметка во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Стратегот на нашиот тим, Артим Шаќири, се одлучи за следните единаесетмина кои ќе го започнат мечот со Летонците, а тоа се…

Захов, Мурати, Бејтулаи, Цаке, Садриу, Дита, Ф. Рамадани, Шаља, Хасани, Дориев, Гури.

Од ова се гледа дека Шаќири не ризикува ништо, ова е составот кој го започна мечот минатата недела во Ереван против Арарат, само место Незири, стартер е Садриу.

На клупата се Стојановски, Нафиу, Елези…, но го нема Бразилецот Вагнер.

Како што е познато денешниот меч ќе го суди Словакот Михаил Оценас, а победникот од овој двомеч во следната фаза ќе игра со подобриот од двомечот меѓу АИК (Шведска) и Ворксла (Украина).

ПретходноРакометарите убедливо поразени, Македонија остана без полуфинале!
СледноЃорческа се пласираше во 1/4 финалето на фјучерсот во Чешка