Ракометарите убедливо поразени, Македонија остана без полуфинале!

146

Македонската ракометна репрезентација до 20 години со пораз ја затвори групната фаза на ЕХФ шампионатот во Варна. Нашите надежи беа убедливо совладани од Швајцарија со 14-31 и ќе се борат за петото место на овој шампионат.

Овој меч беше решен уште во првото полувреме, по кое Македонија имаше негатива од 6-12. По одморот противникот, продолжи во ист ритам, набрзина поведе со двоцифрени 11-21 и до крај имаше рутинска задача.

Нашата репрезентација на оваа средба беше без помошта на Божидар Илиески, еден од тројцата „повозрасните“ се повреди.

ПретходноЕкс-директор на РК Вардар ќе го предводи Ростов Дон
СледноПознати се составите: Шаќири ќе ја напаѓа Валмиера со Дориев, Гури, Хасани…