Екипата на Гостивар ја продолжи соработката со двајца кошаркари од претходната сезона. Браќата Ренато и Роберт Димитриевски си подадоа рака со раководството на тимот за новите предизвици.
Двајцата се од основањето на Гостивар, тие ќе ја играат осмата сезона во дресот на овој тим.