Роналдо изгледа непрепознатливо (ФОТО)

1632

Познатиот бразилски напаѓач, Роналдо е на одмор со својата девојка, која е 13 години помлада од него.

Роналдо по завршување на кариерата многу се здебели и се чини дека секоја година изгледа се полошо и полошо, а тоа го забележаа неговите обожаватели кои се загрижени за него.

Имаше одлична кариера, бидејќи играше за великани како Интер, Реал Мадрид, Барселона и Милан, а беше светски шампион со бразилската репрезентација во 1994 и 2002 година.

Славниот напаѓач се уште важи за еден од најдобрите во историјата, а неговата кариера можеше да биде уште поголема доколку немаше големи проблеми со коленото.

Моментално е сопственик на шпанскиот прволигаш Ваљадолид, а вниманието го привлекува и поради својот изглед. Откако се повлече од фудбалот се здебели многу и се чини дека не се занимава многу со физичка активност, и дека воопшто не внимава што јаде.

За разлика од него, неговата избраничка Селина Локс (32) изгледа многу, многу подобро.

ПретходноУС Опен го стави Ѓоковиќ на листата на учесници
СледноМакедонските надежи против Естонија ќе бркаат полуфинале!