Се чини дека најголемата сензација вечерва во квалификациит во Лигата на Конференции ја направи Дрита, тим од Косово. За нас не би било толку интересно ако се знае дека на тој тим тренер е Ардијан Нухиу, а стартер беше вечерва во Антверпен напаѓачот Марко Симоновски.
И таа Дрита одигра 0:0 кај славниот белгиски тим. Колку за потсетување, тој тим го води Марк ван Бомел, а играат Наинголан, Алдервеирелд, Јансен, Де Лает и други познато фудбалери.
Реваншот за седум се игра во Косово.