Никола Серафимов одигра квалитетни 90.минути за својот нов клуб МОЛ Фехервар, на денешниот меч од квалификациите во ЛК против Габала. Тоа беше негово деби, прв меч и тоа во Европа и тоа како стартер.
Да потсетиме дека нашиот репрезентативец ова лето направи трансфер од Залаегерсег во еден од најголемите клубови во Унгарија.
Инаку Серафимов и неговите соиграчи ја победија Габала со 4:1 и се речиси на чекор до пласман во следната квалификациска рунда во Лигата на Конференции.