Денеска од 17:30 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје, тимот на Македонија ЃП, во рамките од второто квалификациско коло од конференциската лига се среќава со тимот на ЦСКА Софија од Бугарија. Ова е првиот од двата дуела кој со оглед на ситуацијата е доста специфичен, пред се кога станува збор за местото на одигрување. Се шпекулираше најпрво со играње во Србија (!?), па потоа и со меч на стадионот „Младост“ во Струмица, за да на крајот се биде во ред, и овој дуел се игра онаму каде што му е и местото. Во Скопје, на еден од објектите за кои УЕФА дава дозвола.
Македонија ЃП подготвена го дочекува овој дуел. Нашиот тим добро се подготви за овој двомеч, играчите и стручниот штаб рекоа дека освен фудбал нив ништо друго не ги интересира, и дека ќе направат се МЃП од овој дуел да излезе како победник.
Од друга страна противникот исто така претпазлив, со оглед и на неговата сила во моментов. ЦСКА е гигант во бугарски фудбалски рамки, но далеку дека во моментов е тоа што овој клуб некогаш бил. Не очекува денес неизвесен и тврд меч тоа бидете сигурни.
Доколку Македонија ЃП обезбеди пласман во следното коло, тогаш ќе се сретне со победникот од мечот, Сент Патрик од Ирска и Мура од Словенија.