Екипата на Челси во моментов е на турнеја во САД, каде што синоќа одигра дуел со тимот на Шарлот. Загуби на пенали, затоа што регуларниот дел заврши 1:1. Погодија Пулишиќ и Риос за домаќинот. Пеналите ги одбележа младиот Конор Галагер кој се обиде со „паненка“ да го изненади голманот, но овој само рутински остана на линија и со подсмев кон младиот играч ја прибра топката во раце.