Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерс во Олумуц. Лина славеше против петата носителка, Алиона Болсова од Шпанија со 2-0 по сетови (6-2, 6-4).
Во првиот сет македонската тенисерка немаше никаков проблем, го доби со 6-2. Следниот веќе беше поинаква приказна, следеше голема битка, но на крајот победата ја однесе токму Ѓорческа.
За противник во четвртфиналето најдобрата македонска тенисерка ќе игра со победникот од мечот меѓу Швајцарката Кони Перин и Американката Ема Наваро.