Шкендија денеска во Рига со 1:2 успеа да ја победи Валмиера и со тоа да дојде до предност пред реваншот во Скопје. Шкендија е на чекор до пласман во следната рунда, но стратегот на тетовци Артим Шаќири вели дека уште ништо не е готово.
„Знаевме дека ќе биде тешко. Добро се подготвивме. Убава победа но уште ништо не е готово. Го остваривме тоа што тука во Рига го посакувавме, но треба да се каже дека Валмиера ни создаде потешкотии. Имавме шанси да постигнеме уште некој гол, поуверливо да победиме, но таков е фудбалот. Реков, ништо уште не е готово, во Скопје ќе треба да се одигра максимално“ рече Шаќири по мечот во Рига.