Енис Барди важи за поприлично сталожен и мирен играч. Фајтер, кој никогаш не ја минал линијата на неспортско однесување, што е една од неговите најголеми карактерни особини.
Па за да го испровоцираш или пак да добие црвен картон, и тоа директен можете да замислите што треба да се случи. Е се случи токму тоа на пријателскиот дуел против Вулверхемптон, кога од досега непознати причини, Барди влезе во конфликт со Јерсон Москера, по што настана вистинки метеж на теренот, па реагираа и арбитри и тренери и комплетен стручен штаб од обете страни.
Mosquera and Bardhi red card + fight #WWFC pic.twitter.com/cP3ZCc7hjj
— Joe (@wwfc_joe_) July 21, 2022