Павличковски две години во Голден Арт

90

Ракометниот клуб Голден Арт ја комплетира голманската позиција во тимот со доведување на младиот и талентиран Мартин Павличковски.

Тој првите ракометни чекори ги направи во РК Металург кај Никола Матлиески. Во потрага по потребната минутажа, младиот Павличковски две сезони помина во младинските екипи на РК Аеродром и РК Пролет, а последните две натпреварувачки сезони беше дел од сениорската екипа на РК Аеродром, обезбедувајќи бараж натпревар за влез во суперлигата.

Мартин Павличковски заедно со Златко Даскалоски и Петар Виларов ќе го сочинуваат триото голмани на Голден Арт.

ПретходноШкендија знае како треба во Рига, Валмиера е ривал за респект!
СледноАрсеновски: Се надевам на поддршка од навивачите против Алпла, ќе оставиме срце на терен!