Поднесено обвиние за убиството на ракометарот Денис Тот

444

Обвинителството поднесе обвинение до Кривичниот суд, по затворање на истражната постапка за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот. Анџело Ѓорѓиевски од Волково, второосомничената Клементина Лефковска од Драчево и третоосомничениот Андреј Костовски официјално кривично ќе се гонат за убиството на Тот.

„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, велат од Обвинителството.

Тот својот живот го загуби на 7 април пред скопска дискотека, гореспоменатите лица по кратка расправија му ненеле повеќе удари и тешки телесни повреди, по што ракометарот паднал и со главата удрил на асфалт и изгубил свест, а следниот ден починал.

Исто така, до Основниот кривичен суд Скопје бил доставен предлог за продолжување на мерката притвор.

ПретходноАмар Хот во конкуренција за МВП на ЕП „Б“ Дивизија
СледноЕкс-директор на РК Вардар ќе го предводи Ростов Дон