Штета, Валмиера – Шкендија по првите 45.минути е 1:1. Велиме штета зошто до последните мигови од првиот дел тетовци имаа водство и тоа со голот на Дориев за 0:1. Тој умешно погоди од нешто одлево во таа 9.минута покрај речиси цела одбрана на летонскиот тим. Шкендија имаше шанси за уште еден гол, посебно таа на Шаља во 18.минута.
И кога се чинише дека на пауза ќе се оди со водство, Гуеје успеа да ја искористи свјата трета шанса и од непосредна близина на втората статива да го погоди голот на Захов за 1:1.
Добра игра на Шкендија, но Валмиера не е наивен противник, напротив.