Попладнево лета за Лондон: Миовски доби работна дозвола, в недела ќе дебитира за Абердин!

412

Веќе измина еден месец откако Бојан Миовски е нов член на Абердин, но досега немаше право на настап, само тренираше и тоа на подготовките надвор од В. Британија. И тоа поради немањето работна дозвола. Сепак сега Миовски ги има потребните документи, тоа ни го потврди самиот и веќе во недела ќе може да го има своето деби за еден од најдобрите шкотски клубови. Тој денеска околу 17 часот има закажано лет за Лондон, а потоа ќе патува во Абердин.

Имено Абердин игра против Раит Роверс во Лига Купот на Шкотска, и сите очекуваат Македонецот да настапи и да добие адекватва минутажа, тоа би требало да му биде и деби во дресот на “црвените“.

Да потсетиме дека Миовски во овој летен преоден рок направи трансфер од МТК во Абердин за 535.000 фунти.

ПретходноХарден во Филаделфија уште две години
СледноБарди „зовре“ против Волфси, па доби црвен картон (ВИДЕО)