Македонската ракометна репрезентација до 20 години со пораз ја затвори групната фаза на ЕХФ шампионатот во Варна. Нашите надежи беа убедливо совладани од Швајцарија со 14-31 и ќе се борат за петото место на овој шампионат.
Овој меч беше решен уште во првото полувреме, по кое Македонија имаше негатива од 6-12. По одморот противникот, продолжи во ист ритам, набрзина поведе со двоцифрени 11-21 и до крај имаше рутинска задача.
Нашата репрезентација на оваа средба беше без помошта на Божидар Илиески, еден од тројцата „повозрасните“ се повреди.