Познатиот бразилски напаѓач, Роналдо е на одмор со својата девојка, која е 13 години помлада од него.
Роналдо по завршување на кариерата многу се здебели и се чини дека секоја година изгледа се полошо и полошо, а тоа го забележаа неговите обожаватели кои се загрижени за него.
Имаше одлична кариера, бидејќи играше за великани како Интер, Реал Мадрид, Барселона и Милан, а беше светски шампион со бразилската репрезентација во 1994 и 2002 година.
Славниот напаѓач се уште важи за еден од најдобрите во историјата, а неговата кариера можеше да биде уште поголема доколку немаше големи проблеми со коленото.
Моментално е сопственик на шпанскиот прволигаш Ваљадолид, а вниманието го привлекува и поради својот изглед. Откако се повлече од фудбалот се здебели многу и се чини дека не се занимава многу со физичка активност, и дека воопшто не внимава што јаде.
За разлика од него, неговата избраничка Селина Локс (32) изгледа многу, многу подобро.