Џејмс Харден нема да го промени клубот ова лето, и ќе потпише нов двегодишен договор со тимот на Филаделфија. Ова задоволство, Сиксерси ќе ги чини 68.6 милиони долари. Половина од овие секако Харден ќе ги добие уште за време на првата сезона, а втората е со опција Харден да си замине или пак да остане, па да ги заработи и останатите милиони.
Тој летово полни 33 години, и просечно минатата сезона за Нетси односно Сиксерси постигнуваше по 22 поени 10.3 асистенции на 65 мечеви.