Со победа од 1:2 Шкендија се враќа во Македонија по денешниот триумф над Рига, на нејзин терен, во првиот меч од втората квалификациска рунда во ЛК.
Уште едно добро издание на Шкендија во Европа. Се виде уште еднаш дека оваа Шкендија на Шаќири е сосема нешто друго од онаа Шкендија од минатото лето кога служеше за потсмев во Европа.
Сега оваа Шкендија знае што сака, и што е поважно, знае како тоа да го стори. Уште кога ќе се разигра и Влатко Стојановски, кога ќе влезе во елемент и Вагнер, ете ја Шкендија во уште едно долго европско лето.
Се разбира дека работата со Валмиера уште не е завршена, но факт е дека Шкендија веќе гледа кон двомеч со АИК (Шведска) или Ворскла (Украина).