Садио Мане скромен иако по вторпат ја доби африканската круна: Не, јас не сум кралот!

165

Садио Мане и официјално е добитник на наградата најдобар африкански фудбалер на годината, пред Мохамед Салах и Едуар Менди.

Иако по Мане по вторпат го добива ова престижно признание (првиот пат во 2019 година), сепак на свечената церемонија беше скромен. На прашањето дали сега се чувствува како „крал“ тој одговори:

„Не, јас не сум кралот“.

Мане го освои африканскиот Куп на Нации со Сенегал, се пласира на Светското првенство во Катар, ги освои куповите во Англија со Ливерпул, играше и финале во ЛШ во кое загуби од Реал Мадрид.

ПретходноХрватот Патрик Џалто ја засилува офанзивата на Брегалница
СледноДанец ќе ја дели правдата на мечот Шкупи – Динамо во Скопје