Екипата на Шкупи е во преговори за ангажирање на екс играчот на Работнички односно унгарска МТК, Себастиан Херера. Велиов страничен офанзивец ја напушти Унгарија, затоа што неговиот сега веќе екс клуб испадна од прволигашката конкуренција, па летово е во потрага по нов клуб.
Спортмедиа дознава дека шампионот, кој во вторник го игра реваншот од второто коло од квалификациите за Лигата на Шампионите против Динамо Загреб во Скопје, сака да го ангажира Херера и е во преговори со него, само како дополнување на и онака силниот состав кој Чаирчани го имаат во моментов.
Херера одамна има и македонски пасош што е голем плус секако со оглед на огромниот број на странци кои во моментов ги има Шкупи.