Јунајтед донесе одлука за Марсијал!

534

Манчестер Јунајтед нема намера да го продаде Антонио Марсијал ова лето.

Се шпекулираше дека францускиот напаѓач би можел да се најде на списокот по две заборавени сезони во дресот на „црвените ѓаволи“.

Сепак, на адресата на Јунајтед не пристигна ниту една примамлива понуда, па челниците решија да го задржат.

26-годишниот напаѓач е со тимот на турнеја низ Австралија и Тајланд и досега има постигнато исто толку голови на три пријателски натпревари.

Марсијал пристигна во Јунајтед во 2015 година од Монако за сума од околу 68 милиони евра и досега за англискиот гигант играше 269 меча и постигна 79 гола.

ПретходноКошаркарите во битка за полуфинале: Ги почитуваме Естонците, но не се плашиме од нив!
СледноХрватот Патрик Џалто ја засилува офанзивата на Брегалница