Ашковски со понуди од Јоникос и Ламиа

432

Македонскиот фудбалски репрезентативец и интернационалец Стефан Ашковски летово има опција да ги промени клупските бои. Досегашниот член на тимот на Сепси, во Романија, има опција да замине во Грција. Медиумите таму пренесуваат дека офанзивниот крилен играч има понуди од Јоникос, но и од екипата на Ламиа.

За што ќе се одлучи Ашковски ќе видиме во следните неколку денови, а тоа со сигурност ќе биде клуб, каде што минутажата ќе му биде на високо ниво. Тоа е потребно за одржување на вистинската форма, и автоматски статусот на репрезентативец, кој Ашковски со многу мака и пот го заработи на терен.

 

ПретходноСтаврев повторно дел од ЛШ, Стојчевски ќе дели правда во Конференциската лига
СледноЛина Ѓорческа урна уште една фаворитка и завери полуфинале во Чешка