Шпанскиот фудбалски гигант Барселона продаде дополнителни 15 отсто од телевизиските права во период од 25 години на американскиот инвестициски фонд „Sixth Street“.
Барса на истиот фонд претходно продаде 10 отсто од ТВ правата, а потоа заработи 207,5 милиони евра. Колку добиле за уште 15 отсто, не соопштија од Барселона, но шпанскиот печат пишува дека се работи за приближно 400 милиони евра.
Оваа финансиска инјекција ќе и помогне на Барса да се усогласи со финансискиот фер-плеј и да ги сервисира постоечките трошоци како што е трансферот на Роберт Левандовски и Бразилецот Рафиња, кој ја чинеше вкупно 110 милиони евра.