Шкупи приреди најголемо изненадување во првиот квалификациски меч против Динамо Загреб во рамките на Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак од гостувањето во „Максимир“ си замина со реми (2-2), иако многумина беа големи скептици.
Фудбалерите на Шкупи им дадоа повод на своите навивачи, но и на љубителите на фудбалот да дојдат на реванш средбата која се игра на 26. јули на Арената „Тодор Проески“.
Билетите за оваа средба можат да се купуваат од денеска, истите се продаваат по цена од 150 денари (обичен билет), 300 денари (ВИП на јужна трибина) 1.000 денари (ВИП на северна трибина).
Билети ќе се продаваат на две локации. На плоштадот Скендербег и на стадионот на Шкупи во Чаир.
Денеска продажбата ќе се одвива од 15 до 20 часот, а во другите денови од 12 до 20 часот. На денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на Арената „Тодор Проески“ од 18 часот.