Поранешниот македонски селектор, Јорданчо Давитков е нов тренер на шампионот на Бахреин, Манама. Оваа информација ја потврди на социјалните мрежи клубот и Давитков.
Последен тим кој го водеше беше романски Таргу Џиу од каде си замина во февруари. Работеше во Кувајт во Ал Квадсиа. Претходно седеше и на клупата на Ал Шааб и Дубаи од Обединетите арапски емирати, работеше и во Исланд, беше селектор на Кувајт, но и на Македонија од 2017 до 2019 година.
View this post on Instagram