Тимур Дибиров после девет години го напушти „црвено-црниот“ дрес. Во Вардар 1961 веќе не се како порано, а во новата сезона македонскиот првак нема да се натпреварува во Лигата на шампиони. ЕХФ го елиминираше двократниот првак поради неисплатени долгови.
За Дибиров ова беше знак дека мора да ја менува средината, одлучи да ја прифати понудата од ППД Загреб.
„Едноставно – моја одлука. Основната работа е што сакав да продолжам да играм, но не само да играм туку и да победувам. Она што се случи со Вардар, секако на сите им е жал, но можеби сето тоа беше само мачење што повеќе не немаше смисла. Можеби паузата ќе донесе повеќе добро отколку пролонгирање на проблемот. Секако дека посебно сум приврзан за Вардар, бидејќи со него ги имав најубавите работи во кариерата и тоа се работи кои никогаш не се забораваат. Во Скопје сум девет години, тука сум како дома, но јас сум професионалец и решив да ја прифатам понудата на Загреб“, изјави Дибиров за „спортске новости“.