Иако дадоа речиси 50 милиони евра, иако го промовираа на спектакуларен начин, Роберт Левандовски, ѕвездата на летниот преоден рок, се уште не може да игра за Барса. Тука пред се мислиме на официјални натпревари.
Каталонците се во големи проблеми, се разбира финансиски, па така може лесно да се случи Левандовски, Кеси, Рафиња и останатите засилување засега да бидат само гледачи и навивачи од трибините.
Едноставно тие не се регистрирани. Како што пишува “Билд“ проблемот е во тоа што Барселона, според правилата на Ла Лига, прво мора да продаде неколку играчи за да го запази финансискиот фер-плеј.
Значи не смее Барса да купува играчи, да го пробива плафонот за плати ако нема пари.
Спасот е во продажба на Френки де Јонг, но дали е баш така.
Се чини дека Хоан Лапорта, првиот човек на клубот, мора овие проблеми под итно да ги решава.