Кошаркарите во битка за полуфинале: Ги почитуваме Естонците, но не се плашиме од нив!

441

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години денеска (12:30 часот) во Тбилиси против Естонија ќе се бори за место во полуфиналето на Европското првенство „Б“ Дивизија. Селекторот Никола Василев и неговите момци имаа еден ден одмор по драматичната битка со Грузија за пласман во четвртфиналето.

Естонија е без пораз во групната фаза, но од нашиот табор немаат намера да се предадат пред бројките, до последно ќе се борат за нов чекор кон посакуваниот пласман меѓу трите најдобри репрезентации кои води во елитната Дивизија.

Нивната борбеност е главната одлика на овој шампионат, Василев потенцира дека треба да ја спроведат сопствената игра, без разлика кој е противник на другата страна на теренот.

„Говориме за исклучително квалитетна селекција. Добро покриена на сите позиции, која во своите редови има кошаркар од НЦАА лигата. Но и играчи кои играат во првата лига на оваа земја. Инсистираат на брза игра, прецизни се со шутевите од далечина. Исто така се и физички високи, и не може да се каже дека имаат некоја слаба точка во играта. Ги почитуваме, но сигурно не се плашиме од нив. Ќе сториме се за да одиграме добар меч. Како што веќе кажав, наша цел е да ја играме сопствената игра, без разлика на противникот“, порача Василев од Тбилиси.

ПретходноПријател на Шумахер со охрабрувачки вести!
СледноЈунајтед донесе одлука за Марсијал!