Американецот Ноа Лајсл е освојувач на златниот медал на трката на 200 метри на Мундијалот во Јуџин, САД кое се одржува во моментов. Со време од 19:31, кое е четврто на сите времиња тој покажа дека и тоа како е способен за големи нешта во моментов.
И сребрениот и бронзениот медал останаа во САД, откако се најдоа на градите на Кенет Беднарек додека бронзата е за Еријон Најтон.
Од друга страна пак во женска конкуренција најдобра на оваа делница Шерика Џексон од Јамајка. Шели Ен Фрејсер Прајс го комплетираше дуото од Јамајка на првите две позиции, додека пак Дина Ашер Смит од Велика Британија го пополни пиедесталот со бронзен медал.