Ништо од полуфинале: Естонците преголем „залак“ за младинците!

264

И покрај големата желба, македонската кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации кои ќе се борат за пласман во елитната Дивизија. Избраниците на Никола Василев доживеаја убедлив пораз од Естонија (81-59) во рамките на четвртфиналето на ЕП Б Дивизија кое се одржува во Тбилиси.

„Црвено-жолтите“ ниту еднаш не поведоа на оваа средба. Противникот отворија со 5-1, Македонија израмни на 5-5, по првата четвртина имаше негатива од шест поени (20-14). Во следниот период нашите кошаркари дојдоа на 24-21, по што Естонците со серија од 14-5 дојдоа на плус 12 (38-26). На одморот беше 43-33.

Повторно противникот доминираше. Третата четвртина ја отворија со 14-4 за 57-37 ви 25 минута. Иако во изминатиот период бевме навикнати на кам-бек, сепак денеска тоа не се случи. Македонија влезе во „машината“ на Естонија, не успеа да најде начин да ја намали големата негатива. На крајот остана да се помири со фактот дека пред себе имаше силен противник.

Марко Миловановиќ беше единствената светла точка на оваа средба со 18 поени и 4 скока. Василев на оваа средба им даде шанса на речиси сите кошаркари, откако виде дека Македонија нема шанси за кам-бек.

До крајот на првенството нашата репрезентација ќе се бори за петото место.

ПретходноМиовски конечно во Абердин (ВИДЕО)
СледноСтаврев повторно дел од ЛШ, Стојчевски ќе дели правда во Конференциската лига