Пријател на Шумахер со охрабрувачки вести!

348

Михаел Шумахер (53) и неговата состојба се строго чувана тајна, девет години нема јавни информации за легендата. Тишината ја прекина неговиот пријател Жан Тод.

Човекот кој беше на кормилото на „Ферари“ кога легендарниот Шумахер освои пет последователни титули проговори за состојбата по тешката несреќа на скијање.

„Не ми недостига Михаел, затоа што го гледам, но ми недостига она што го правевме заедно. Така е – заедно ги гледаме трките“, откри Тод.

Оваа информација одекна како бомба во светот на Формула 1. Особено по веста која се појави во минатото. Во нив се споменуваше дека Германецот е во „вегетативна состојба“, дека состојбата на мозокот му е многу лоша по таа повреда. Имаше многу претчувство, но ова е охрабрувачка вест.

Шумахер во 2013 година доживеа несреќа на скијање и со главата удри во карпа. Иако носел кацига, повредите му биле толку тешки што шест месеци бил во индуцирана кома.

Ја напушти болницата, е во својата куќа на женевското езеро, но и таму ситуацијата не е баш добра. Во неодамнешниот извештај, беше откриено дека во неговиот град нема апсолутно ништо што може да се поврзе со присуството на легендата, додека рестораните, кафулињата, пекарите не сакаат ниту да го спомнат неговото име.

ПретходноБилетите за Шкупи – Динамо Загреб по цена од 150 до 1.000 денари!
СледноКошаркарите во битка за полуфинале: Ги почитуваме Естонците, но не се плашиме од нив!