Роџер Федерер изгубил 200 милиони евра!

893

Роџер Федерер е во голема неволја, на берза наводно загубил 200 милиони долари.

Според неколку медиуми од неговата земја, швајцарскиот ас имал големи инвестиции во компанијата за спортска опрема „Он“, но акциите се во голем пад и поради тоа тој е во голема загуба. Вредноста на акциите падна од 39,95 долари на 17,37 долари.

Не се знае точно колку акции има Роџер во таа компанија, но претходно се пишуваше дека неговиот удел е околу три отсто. Тоа значи дека изгубил околу 200 милиони долари поради падот на акциите, пренесуваат локалните медиуми.

Порталот „Switzerland times“ ги објасни причините за ваквите настани и посочи дека се може брзо да се промени.

„Има многу причини за падот, војната во Украина, пандемијата на коронавирус, од кои сите имаат големо влијание на пазарот. Покрај тоа, треба да се нагласи дека берзата е непредвидлива и дека скокот на акциите во краток временски период би можел да го компензира сето ова, па дури и да изрази и да заработи уште повеќе“, стои во текстот.

Седиштето на оваа компанија е во Цирих и засега нема многу информации за уделот на Федерер или можните планови за во иднина. Јасно е само дека Роџер веќе почнал да размислува за животот после тенисот и се чини дека тоа е една од идеите на кои се залага.

ПретходноЛитванија прва пречка за ракометарите за петото место во Варна
СледноГолема чистка во ПСЖ, новиот тренер вели збогум на десет фудбалери