Иако беше најбрз на денешните последн тренинзи пред неделната трка за ГН на Франција во Формула 1, возачот на Ферари Карлос Саинц доби казна од десет места наназад. Значи ако на утрешните квалификации биде трети на пример, тој на стартот во недела ќе биде на 13. место. Ова е казна поради менување на компонентите на неговиот болид.
Утрешните квалификации се од 16 часот, додека трката во недела ќе почне во 15 часот на славната патека “Пол Рикард“.