Тен Хаг навреди играч на Јунајтед: Е*ено ѓубре!

2429

Многу работи се сменија со доаѓањето на Холанѓанецот Ерик Тен Хег во Манчестер Јунајтед. Славниот клуб со години се распаѓа, минатата сезона не успеа ниту да ја освои Лигата на шампионите и неопходна беше промена на „Олд Трафорд“.

Поранешниот тренер на Ајакс ја промени атмосфера во клубот. Фудбалерите на Јунајтед тренираат со многу повеќе волја и енергија, а дека се има смисла, покажаа против Ливерпул на неодамнешниот пријателски натпревар кога славеа со 4:0.

Тен Хаг воведе строга дисциплина на тренинзите, а младиот Ирачанец Зидан Икбал е првиот кој настрада од својот тренер. Новинарите го снимија тренерот, како почна да вика по него, па снимката стана хит на социјалните мрежи.

„Држи ја топката на теренот. Еј! Држи ја топката. Е*ено ѓубре“, викаше Тен Хаг.

Овој начин на работа ги радува и навивачите: Ова станува многу возбудливо… Многу сум возбуден“, напиша еден навивач, додека друг додаде: „Не можам да негирам дека сакам се што гледам во овој човек. Начинот на кој ги гледа играчите и топката, тој навистина знае што прави, ништо не му бега од вниманието. Ова е сериозна работа што ја работи“.

Манчестер јунајтед ќе ја почне сезоната на 6 август против Астон вила.

ПретходноШкупи во преговори со Херера
СледноЧачиќ: Динамо нема пријатели, има само критикувачи