Некогашниот јуниорски светски првак во биатлон и репрезентативец на Русија, Игор Малиновски, трагично го загуби животот заедно со уште двајца сопатници во хеликоптерска несреќа која што се случи токму во Русија, поточно на Камчатка на 17 јуни.
Остатоците од возилото, како и телата се пронајдени таму, а да биде трагедијата уште поголема, по несреќата наишле мечки и ги изобличиле телата на тројцата загинати.
Трагедијата ја пренесе руската новинска агенција, а и сите странци медиуми, потенцирајќи дека Малиновски бил голем вљубеник во летањето со хеликптер, но дека условите под кои се одржал овој кобен лет, не биле прикладни за такво нешто.