Хоган Укпа: Кога Струга ТЛ ме контактираше веднаш знаев дека тој е вистинскиот клуб за мене!

1625

Од вчера и официјално Хога Укпа (20), младиот играч за врска е ново име во таборот на Струга ТЛ. Младиот Нигериец е големо засилување во таборот на стружани, има интернационално искуство од играње во Европа. Лани играше во квалификациите во ЛК токму против Струга ТЛ во дресот на Лиепаја.

Инаку Укпа со стружани потпиша тригодишен договор.

И кога дојде понудата, Укпа воопшто не се размислувал.

Во интервјуто за клупскиот сајт на Струга ТЛ, покрај другото Укпа истакна..

Струга ТЛ не е нов тим за мене, јас играв против овој тим лани. И кога Струга ТЛ контактираше со мене, кога ми упатија понуда, веднаш знаев дека тоа е клубот за мене. Досега не сум добил ваква понуда. Среќен сум што сум овде“.

Укпа се осврна и на очекувањата…

На нашите навивачи им ветувам дека ќе го дадам најдоброто од мене, како на теренот, така и надвор од него. Ќе давам повеќе од 100% од мојата сила, не кријам дека посакувам да освојувам трофеио со Струга ТЛ. До лани немав многу познавање за фудбалот во Македонија. Но кога ни се падна Струга ТЛ постојано бев на интернет, видов она што ме интересираше. Следев повеќе натпревари на Струга ТЛ, но и на други клубови од ПМФЛ.На крај да кажам дека посакувам да оставам белег во Струга ТЛ“ потенцираше Хоган Укпа.

ПретходноУ-16: Македонија поразена од Србија!
СледноЕл Класико ќе се игра во Лас Вегас на стадион од 2 милијарди долари! (ВИДЕО)