Галтие не ги “ферма“ ѕвездите: Мбапе, Меси и Нејмар добиле посебна наредба…

1337

Ако сакаш успех со тимот кој е составен од повеќе мега – ѕвезди тогаш тренерот треба да биде главен, но и да има челична дисциплина. Тоа новиот стратег на ПСЖ, Криштоф Галтие го знае многу добро па веднаш уште по првите денови од како е во таборот на “светците“ наметна неколку забрани.

Една од нив е дека играчите на ПСЖ не смеат да ги користат своите мобилни во време на клупскиот доручек и ручек.

Втората е дека секој играч мора да се појави во тренинг центарот најдоцна од 08.30 до 08.45 часот. Кој ќе задоцни тој може слободно да се врати дома, а подоцна ќе се соочи со консеквенците.

Мега – ѕвездите Мбапе, Меси и Нејмар добиле посебна наредба. Имено тие мораат да вечераат заедно со останатите играчи во тренинг кампот, освен во посебни прилики.

Нешто што досега не беше случај.

После ова можеме само да претпоставуваме што ли мислат играчите на ПСЖ, а посебно “големата тројка“, за новиот стратег.

ПретходноПромоција: Арсенал се пофали со Зинченко! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноДибиров: Во Вардар беше само мачење, повеќе ништо немаше смисла!